октомври 24, 2021

Турција нарача 50 милиони дози од руската вакцина „спутник“

Турција, која се бори со недостиг на вакцини против коронавирус, објави дека нарачала 50 милиони дози од руската вакцина „спутник В“.

-Турција потпиша договор за набавка на 50 милиони дози „спутник В“ што треба да пристигнат во следните шест месеци. Првата испорака ќе биде во мај – рече турскиот министер за здравство, Фахретин Коча.

Веста доаѓа во време кога Турција, која брзо започна кампања за вакцинација, значително ја забави својата динамика поради недостаток на вакцини.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •