јуни 21, 2021

Силјановска-Давкова: Не ме шокира што ве поддржаа Николовски и Груби, ме шокира консензусот со кој го разрешивте Пауновски (видео)

Значи шокантно е 90 проценти од вработените да застанат зад вас како директор, а сите министри да не ве подржуваат.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова на денешната седница во Собранието го праша премиерот Зоран Заев врз основа на кои членови и од кои закони е разрешен директорот Стојко Пауновски од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат.

– Кога зборуваме за државна јавна администрација најчесто ја употребуваме синтагмата „бели крагни”. Администрацијата е костур на државата. Значи не ме шокира тоа што ве подржаа двајцата министри, Николовски и Груби, туку ме шокира консензусот со кој што ја донесовте одлуката, која е директно спротивна на принципот на владеењето на правото, а кој што е основен Копенхагенските критериум. Точно е дека директорот на Државниот пазарен инспекторат е именуван од Владата, кое е исто така лошо решение бидејќи тоа треба да биде преку конкурс, ама ете така е. Меѓутоа апсолутно тој не е подреден на премиерот ниту на министрите. Не постои никаква хиерархија помеѓу државна и јавна администрација. Тој стои на чело на една институција која функционира само врз начелата на стручност и компетентност – истакна Силјановска-Давкова.

Значи шокантно е 90 проценти од вработените да застанат зад вас како директор, а сите министри да не ве подржуваат, рече таа.

– Слушнавме дека причина за неговото заминување е пркосот. Пркосот е една од најубавите човечки особини. И директорот на што пркоси, пркоси на кршење на начелото на правото, на кршење на Уставот, на неморалот. Она што е чудно е тоа што во неговата институција 40 отсто од вработените се од албанската националност. Ако продолжи ова вака, тогаш ќе биде неправична и несоодветна застапеност. И тоа не смее да значи клиентелизам. Членот 9 гарантира еднаквост на шансите на сите. Не може занимање да ви биде Турчин, Влав или Македонец или Албанец. Запомнете ова што ви кажувам, како што добивме од ГРЕКО опомена за чудното министерство, така ќе добиеме и за овој случај – децидна е Силјановска-Давкова.

Ниту законот го почитувавте, му се обрати таа на премиерот Зоран Заев, ниту Уставот и тоа нема ништо заедничко со владеењето на правото, изјави таа на крајот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •