септември 17, 2021

Познат германски виролог: Колку почесто се заразувате со ковид-19, болеста ќе ја поминувате како настинка

Добра вест е тоа што заштитата нема целосно да исчезне во текот на зимата, но и покрај вакцинацијата, овие луѓе повторно ќе бидат меѓу оние кои можат да го пренесат вирусот после инфекцијата, вели германскиот виролог Кристијан Дростен.

Германскиот виролог Кристијан Дростен вели дека со вакцинирањето сме целосно заштитени од коронавирусот, но дека заштитата е временски ограничена. Тој тврди дека тотална бесмисица е сценариото според кое пандемијата никогаш нема да заврши.

Дростен нагласи дека заштитата на слузницата ќе биде намалена идната зима, па поради тоа ќе биде потребно зголемување на вакцинирањето. Меѓутоа, познатиот германски виролог изразува надеж дека пандемијата ќе заврши.

– Добра вест е тоа што заштитата нема целосно да исчезне во текот на зимата, но и покрај вакцинацијата, овие луѓе повторно ќе бидат меѓу оние кои можат да го пренесат вирусот после инфекцијата – објасни Дростен.

Тој истакна дека не е точно дека мораме повторно да се вакцинираме поради мутациите на вирусот.

– Не мора повторно да се вакцинирате затоа што се појавија мутации, туку затоа што имунитетот не трае доживотно. Тука не зборуваме за вакцинација против морбили – изјави Дростен и порача дека наскоро ќе дојде крајот на пандемијата на коронавирусот.

– Сценариото според кое пандемијата на коронавирусот никогаш нема да заврши е бесмислица. Што почесто ќе се инфицирате, вирусот ќе го поминувате како настинка. Тоа значи дека подолго ќе трае комплетната имунолошка заштита на слузокожата. И тоа не само месеци, туку и години – изјави Дростен.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •