септември 16, 2021

Пендаровски: Му симнувам капа на Вучиќ

Македонскиот претседател Стево Пендаровски вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека со другите може, но со српскиот претседател Алекснадар Вучиќ не може да излезе на мегдан. 

Вели дека му симнува капа за она што го прави, од вакцини, до се друго. Рече дека не може да се натпреварува во тие дисциплини во кои Вучиќ се покажа како многу добар. За нон пејперите кои се појавија во последно време смета дека имаат за цел да ја намалат довербата. За оние документи кои се појавија вели дека се многу прецизни, посебно оној за Косово. 

„Германија и Франција се многу сериозни држави, со сите нишани, со сериозни дипломатии, и тие тоа не би го направиле според мене“, вели Пендаровски. 

Рече дека промената на граници по дефиниција е војна. Наведе дека во последните сто години немало мирен договор во регионот, да се префрли население, и да се поделат територии. Како пример ги спомена војните при распадот на Југославија, кои однесоа многу животи, доведоа до многу раселени и деструктивност со што регионот е вратен назад. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •