мај 16, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот совет се партизира, Црвенковска од шеф на кабинет на Бучковски до надзор над судството

Власта го партизира и Судскиот совет, назначувањето на Павлина Црвенковска за претседател на Судски совет е ставање целосно рака над судството. Црвенковска е своевремено шеф на кабинет на Бучковски и функционер во владите на СДСМ, критикува ВМРО-ДПМНЕ за вчерашниот избор на Црвенковска за претседател на Судскиот совет.

-Заев и СДСМ функционираат по систем на партизација, тоа го гледаме и во судството, назначувањето на Црвенковска е само продолжување на низата партизации, како назначувањето на Кацарска за Уставен судија.  СДСМ целосно го контролира судството, преку Кацарска Уставен, преку Црвенковска Судскиот совет, преку Русковска обвинителството. Заев го окупира судството, со надеж дека откако ќе падне од власт неговите инсталации во судството ќе може да го штитат од правдата. Тој филм нема да го гледа, правдата наскоро доаѓа, без разлика колку послушници до тогаш ќе постави на функции во правосудните инстанци, се вели во реакцијата на опозицијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •