септември 23, 2021

Пауновски за разрешувањето: Простете им, не знаат што прават

Oва за мене беше очекувано, вели за Телма сега веќе разрешениот директор на  Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски. 

„Можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања”, изјави за Телма,  Стојко Пауновски.

Владата на денешната седница го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. 

Несогласувањето меѓу Пауновски и премиерот Зоран Заев се појави откако директорот на ДПИ одби да прими 35 рамковно вработени со несоодветно образование и квалификации. Пауновски им соопшти дека на Пазарна не и се потребни безлични административци, туку инспектори со адекватно образование. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •