јуни 21, 2021

Мицкоски: Во затвор лежат неправедно осудени за тероризам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека вчерашниот протест бил масовен бидејќи, како што вели, лицата што лежат во затвор за упадот во парламентот се неправедно осудени за тероризам.

-Истовремено, гневот и револтот којшто во себе го чувствуваат кон сета онаа неправда која што во општеството е се присутна, кризата во здравството, образованието, еве гледаме како онаа фарса која што ни се случува со учебниците, односно министерката којашто се обидува да ни ја продаде, таа општествена неподдршка и револт предизвика со таа глупост која што сака да ја протне во јавноста. Десетици илјади наши сограѓани изгубија работа, компании се затворија, стотици компании го изгубија својот бизнис, практично сето она кое што денеска се случува на полето на здравство, луѓе губат живот на дневна основа, денес повторно имаме 30-тина починати, во просек изминативе неколку дена имаме од 30 до 50 починати секој ден, немањето на вакцини сме убедливо на дното на Балканот и во Европа, чекаме некој подарок да добиеме, последно што разбрав ќе позајмуваме од соседна Србија од плејадата кинески вакцини за да евентуално кога ќе стигнат да ги вратиме, се низа од ситуациите поради кои граѓаните излегоа на протест – истакна Мицкоски.

Според него, масовноста на народот покажа дека се обединува околу идејата Владата, како што вели, да биде поразена на следните избори.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •