септември 17, 2021

Милошоски: Повлечен предлог-законот за дигитализација на учебниците

Пратеникот Антонијо Милошоски денеска информира дека Предлог-законот за учебници и и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, кој предизвика поделени мислења во јавноста, е повлечен од собраниската процедура.

-Информација: После силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој закон предвидува ипотреба на дигитални учебници, наместо печатени, по што дел од јавноста реагираше со жестока критика. Според министерството за образование, станува збор за реформа која од есен ќе стартува во прво и четврто одделение.

МОН смета дека дигитализацијата на учебниците, лесното пребарување по нив и користење на напредни мултимедијални содржини ќе овозможи побрзо и поефикасно да учат и се развиваат. Преку овој пристап, наставните содржини се прилагодуваат на современите формати, преку кои тие многу полесно и побрзо ќе може да ги совладуваат лекциите, но и да ги користат дигиталните алатки за стекнување на знаење и истражување.

Реформата се воведува етапно. За учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници. За учениците од четврто и погорните одделенија, прва опција ќе бидат дигиталните учебници.

Лектирите остануваат во печатена форма, а секојдневно на училиште децата ќе учат и пишуваат од печатени наставни материјали. Од МОН велат дека дигитализацијата воопшто нема за цел да го замени учењето на училиште со онлајн учење.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •