Кривична пријава за организаторот на протестите за „уставобранителите“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против шеесет и едногодишен гевгеличанец кој ги организирал протестите за ослободување на „уставобранителите“ кои се осудени за насилниот упад во Собранието што се случи на 27 април 2017 година.
-СВР Скопје денеска (27.04.2021) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки на 25.04.2021 организирал протест пред објектите на Влада и Собрание на РСМ и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Организаторот се сомничи дека на протестот не се почитувале мерките за заштита од Ковид.
За авторот
Сподели