мај 16, 2021

Ердоган: Бајден да каже што се случи со домородните Американци

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес побара американскиот претседател Џозеф Бајден да ја смени декларацијата за масакрот врз Ерменците извршен од Отоманската империја во 1915 година, откако Бајден го употреби зборот „геноцид“. Според Ердоган, таквата оценка е вознемирувачка и ги нарушува билатералните односи.

-Ако кажете геноцид, тогаш мора да се погледнете во огледало и да направите проценка. Што се случи со домородните Американци, не морам ни да спомнувам, но она што се случи е јасно. Со сите овие вистини, не можете да обвинувате за геноцид од страна на турскиот народ – рекол Ердоган.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •