јуни 20, 2021

ДКСК ЈА ДОСТАВИ ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ВО ОЈО ЗА КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ НА ПОРАНЕШНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СЛУЖБЕНИ ЛИЦА

ДКСК денеска до ОЈО ја испрати иницијативата за кривично гонење на поранешни градоначалници на општина Центар, службени лица од општината, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје како и за овластените планери, поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување кои со своето не постапување придонеле во 2012 година да се донесе ДУП неусогласен со ГУП и со тоа се реализира имотна корист кај сегашните сопственици на парцела која е дел од ДУП Ц08 појаснуваат антикорупционерите.

Инаку се работи за двајцата поранешни градоначалници на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски. 

Од Обвинителството претходно за ТВ24 информираа дека откако ќе ја примат иницијативата на ДКСК ќе ги проучат наводите и ќе наредат да се направат неопходни проверки за да се утврди фактичката состојба.

Понатаму од ОЈО велат дека ако се поткрепени со доволно материјални докази за да се утврди сомнение за сторено кривично дело, секако дека претставуваат основ за Јавното обвинителство да оформи предмет и да ги направи потребните проверки.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •