јуни 19, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски до гуша е во криминал, Џафери не даде да го прашаме за „Мафија“

Талат Џафери вчера ја прекрши деморатијата. Тој не даде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за да не го прашаат Спасовски за Мафија 1 и 2, реагира ВМРО-ДПМНЕ.Можеби ќе ве интересира

– Спасовски нема аргументи, ниту знае како да се вади, затоа што до гуша е во криминал. 215 балкански и светски наркобосови во време на Оливер Спасовски и Зоран Заев добиле македонски пасош со друг идентитет и со тој пасош слободно се шетале низ светот. 215 наркобосови и терористи убивале и правеле криминал низ светот со македонски идентитет кој им е овозможен од македонските власти. Спасовски избега за да не зборува ниту за 20.000 двојни матични броеви. Интерпелацијата помина без ВМРО-ДПМНЕ, затоа што власта се плашеше дека Спасовски ќе биде прашан и за дрогата со која беше фатен возачот на Трајче Заев, но и за акцијата со наркобосовите од Грчец и Арачиново која им беше пробиена од внатре – велат од партијата.

Од таму додаваат дека Спасовски избега да даде одговории за спорните набавки на автомобили, но и за давањето на лиценците за испитните центри на новоформирани фирми, на луѓе блиски до Спасовски и Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •