септември 17, 2021

Според Димитров постои „прозорец на можност“ до јули да имаме датум за преговори со ЕУ

Никола Димитров

Постои „Прозорец на можност“ Македонија до јули да добие датум за старт не преговорите со Европската унија. Ова го истакнал претседателот на владата задолжен за европски прашања Никола Димитров за „То вима“.

Освен за европската интеграција на Македонија кон ЕУ, Димитров во интервју за грчкиот весник се осврнува и на бугарската блокада.

Според вицепремиерот случајот на Македонија е тест за кредибилитетот на Унијата на Западен Балкан посочувајќи дека многумина ќе се запрашаат дали ЕУ е навистина сериозна.

-На ова треба да се додаде и неодамнешното пуштање на контроверзниот нон пејпер за промена на границите и формирање поголеми држави, кога долгорочно имаме потреба од „европски Балкан“ во кој границите ќе имаат помало значење“, посочува Димитров,.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •