СПАСОВСКИ ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА, ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НЕ ПОМИНА

Со 71 присутен пратеник и со кворум, мнозинството му даде даде доверба на Оливер Спасовски без присуство на опозицијата.

По паузата од 15 минути во Собранието попладнево продолжи 39-седница на која беа останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна беше интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
11 пратеници гласаа „ЗА“, 60 беа „ПРОТИВ“ и немаше „ВОЗДРЖАНИ“, а со тоа во Собрание не помина интерпелацијата на Спасовски.
Вкупно гласаа 71 пратеник.
Инаку, интерпелацијата беше поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Сподели