август 5, 2021

Расте рејтингот на Бајден

Мнозинството Американци позитивно ги оценуваат стоте дена на претседателот Џо Бајден, покажуваат резултатите од трите нови анкети. Генерално, анкетите покажуваат дека од 52 до 58 проценти од возрасните во САД позитивно се изјасниле за работата на Бајден, а од 39 до 42 отсто изјавиле дека не се задоволни.

Анкетите покажуваат дека околу 90 проценти од демократите позитивно ја оценуваат работата на Бајден и само 13 отсто проценти од републиканците.- Advertisements –

Според анкета на Си-Би-Ес Бајден има највисок рејтинг од 58 проценти, додека според истражувањето на Ен-Би-Си – 53 отсто, додека испитувањето на јавното мислење на Еј-Би-Си и на Вашингтон пост покажува дека од работата на американскиот претседател задоволни се 52 проценти од испитаниците.

Американците се најзадоволни (од 64 до 69 отсто) од справувањето на Бајден со пандемијата со Ковид-19.

Додека над една третина од испитаниците не го одобруваат справувањето на Бајден со миграциската ситуација на границата меѓу САД и Мексико.

Рејтингот на Бајден се многу поголем од на неговиот претходник Доналд Трамп, кој речиси цел мандат имаше поддршка од околу 40 проценти, а ја напушти функцијата со рејтинг од 34 отсто.

Додека поранешниот американски претседател Барак Обама, чиј потпретседател беше Бајден, имаше рејтинг од 60 проценти, а Џорџ В. Буш – 53,9 отсто.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •