јули 25, 2021

ЗАЕВ ДЕЦИДЕН: Утре на владина седница ќе го потврдам разрешувањето на Пауновски, но утрото ќе ги сослушам инспекторите

Премиерот Зоран Заев вели дека утре на владина седница ќе го потврди она што го најави, а тоа е да биде разрешен директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Разрешувањето на Пауновски ќе биде една точка на дневен ред на утрешната владина седница. 

Заев всушност како од пушка одговори на новинарското пшрашање за Пауновски, што значи дека се подготвувал за ова прашање и за сите закони и прописи, кои, како што рече не ги почитувал, а требало, Пауновски. 

Вели дека причина за тоа е што Пауновски не ги почитувал законите, а не го почитувал ни етичкиот кодекс.

Сепак, Заев утре ќе ги прими на разговор пазарните инспектори од ДПИ, кои до него ќе ја достават петицијата, со која се бара да не биде сменет Пауновски, и ќе го информираат за сите успеси што инспекторатот ги постигнал за време на менаџирањето на Пауновски.

„Преку мојот кабинет ги информирав почитуваните инспектори дека утрото во 9 часот ќе имаме состанок, на кој ќе ги сослушам нивните аргументи. Седницата на Владата е потоа во 12 часот“, рече премиерот Заев.

Замолен од новинарите да биде прецизен дали Пауновски ќе биде разрешен на утрешната седница, премиерот рече.

„Утре ќе го потврдам на седница тоа што го соопштив претходно на јавноста. Се работи за закон, сите треба да го почитуваат законот. Овде станува збор за непочитување на законот. Исто така се работи и за непочитување на етичкиот кодекс“, нагласи премиерот Заев.

А, откако новинарите направија споредба со случајот на Драги Рашковски, премиерот тврди дека Рашковски го почитувал етичкиот кодекс, и откако се вратил од одмор, си поднел оставка.

Прермиерот вели дека за ова прашање се отворила дебата во јавноста, што е демократски, но, како што нагласи, сака да ја информира јавноста дека Пауновски не сакал да бара решение за проблемот. 

„Сакам да ја известам јавноста дека директорот Пауновски беше детално информиран за неговото непостапување на 5,10 и 21 април од МИОА, а и по повеќе усни укажувања, тој не побара средба, не разговараше и не понуди начин за решавање на проблемот. Инаку, неговиот допис дека овие вработени се неприфатливи до вицепремиерот Груби и до мене тој ги достави уште во јануари годинава“, рече Заев.

Според него, од увидот во образовниот профил, утврдено е дека 24 вработени кои треба да бидат превземени, ги исполнуваат условите. Ова значи дека овие лица може да бидат превземени како административни службеници, тврди премиерот.

„Директорот Пауновски беше писмено известен во врска со оправданоста и начинот на распределбата, со тоа што тој не го прилагодил актот, што е дел на обврска. Со процесот на распределбата се решава децениски проблем. А превземањето на вработните нема импликации за буџетот, затоа што станува збор за лица кои земаат плата, а не одат на работа. Станува збор за законска обрска, за закон кој е донесен во декември 2020 година. Ова е овврска за сите, што се дел од институциите, особено за носителите на одговорните функции“, рече Заев.

Минатата недела премиерот рече дека ќе предложи разрешување на Пауновски, бидејќи, како што објасни, тој влегол во недозволив пркос, по што се кренаа на нозе пазарните инспектори, кои потпишаа петиција и побараа средба со премиерот Заев, на која ќе инсистираат да не биде разрешен Пауновски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •