јануари 18, 2022

Павле Богоевски: Ма какви уставобранители, терористи се

Ма, какви уставобранители. Терористи и ништо помалку од тоа, напиша денеска Павле Богоевски поранешниот пратеник. 
Тој цитира член од Кривичниот законик кој го регулира терористичкото загрозување на уставниот поредок и безбедноста.„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок (ЧИТАЈ: мирна транзиција на власт) или безбедноста на Република Македонија (ЧИТАЈ: упад во законодавниот дом) ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија (ЧИТАЈ: пронајдени импровизирани експлозивни направи во Собрание на РСМ по 27. април), пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство (ЧИТАЈ: обид за егзекуција, тепање и држење заложници на народни избраници), создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните (ЧИТАЈ: со намера или закана да предизвика граѓанска војна), ќе се казни со затвор најмалку десет години (ЧИТАЈ: НАЈМАЛКУ), напиша Богоевски.

Сподели