септември 16, 2021

ПАЦИЕНТ НОЌЕСКА ПО ПОЛНОЌ ПОБЕГНАЛ ОД МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП, ЕДЕН ЧАС ПОДОЦНА Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ (ВИДЕО)

Ноќеска по полноќ модуларната болница ја напуштил 75 годишен пациент од Пробиштип. Еден час подоцна е пронајден мртов во една од околните улички околу штипската болница. Извори од истрагата за ТВ 24 велат дека првично поради пронајдените траги се мислело дека станува збор за прегазен пешак.

На лице место излегла полиција и јавен обвинител. Подоцна се утврдило дека станува збор за избеган ковид пациент, кој бил на кислородна подршка. Првичните резултати од обдукцијата говорат дека телото нема видливи траги на насилство и веројатно причина за смртта е белодробната пневмонија.

Од Клиничката болница ќе формира комисија за да се утврди дали има пропусти во овој случај.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •