септември 17, 2021

Пауновски: Ова не е моја одлука, туку спроведување на закон во една институција

Многу прашина се крена околу целата ситуација со директорот на ДПИ, Стојко Пауновски кој одби да ги прими „рамковно“ распределените вработените кои досега седеа дома, а земаа плата бидејќи како што истакна дел од нив немаат соодветно образование.

Тој во кратка изјава за „Фокус“ даде појаснување на целиот настанат проблем, во кој став дадоа и премиерот Заев, Љупчо Николовски и Артан Груби.

„Тоа што јас го кажав не беше одлука, туку спроведување на закон во една институција која Владата ми ја доверила јас да ја раководам. Поинаку не знам и не сакам да работам“, ни истакна Пауновски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •