јули 27, 2021

Грчев: Зградите кај „Холидеј Ин“ не можат да бидат на исто рамниште со сечата на дрвјата на Водно

Архитектот Мирослав Грчев во денешното гостување на Утрински брифинг зборуваше за зградите кои треба да се градат на паркингот спроти „Холидеј Ин“. Нагласи дека оваа дискусија никако не може да се споредува со дискусијата за сечата на дрвјата на Водно.

-Слушам и гледам со периферен вид дека се случува голема дебата во јавноста, во медиумите, доби и некакви институционални форми, но изградабата на згради кај „Холидеј Ин“ јас не можам да ја ставам на исто рамниште со дискусијата и сечата на дрвјата на Водно и уништувањето на парк шумата и белите дробови на градот. Во вториот случај во „Водњанскиот злостор“ е вистинска катака на цивилното општество, на правната држава на основните права, на темелните вредности, на Уставниот поредок, се кршат сериозни јавни интереси. Во случајот со „Холидеј ин“ се работи за дискусија која што е повеќе архитектонска или урбаниситичка, просторот не е јавен. Предност во сите, особено во градските теми, предност е општото добро, јавниот интерес, заедничкиот интерес, а поединечните случаи се решаваат на сосема друго ниво. Земјиштето кај Холидеј ин не е јавен простор. Тоа што треба таму да има не може да биде прашање на нечие убедување и личен вкус и не може да е предмет на разговори на нестручни луѓе. Овде се мешаат многу работи. Таму е донесен ГУП. На ниво на ГУП се одлучува за распоредот на намените, наменските зони. ДУП-от го разработува генералниот на поединечни делови и таму само се спроведува, не може да се смени она што во ГУП-от е уредено, вели Грчев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •