септември 17, 2021

Бајден го призна геноцидот врз Ерменците

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека отоманските турски сили извршиле геноцид врз Ерменците во 1915 година.

Бајден е првиот американски претседател по 40 години кој официјално го призна геноцидот над Ерменците, и покрај противењето на Турција.

Во соопштението издадено од Белата куќа се наведува „1,5 милиони Ерменци беа депортирани, масакрирани и одведени во смрт“.

– Секоја година на овој ден се сеќаваме на оние кои загинаа во геноцидот врз Ерменците за време на Османлиската ера и се посветуваме на тоа да не се повторат такви злосторства. Почнувајќи од 24 април 1915 година, со апсење на ерменски интелектуалци и општествените лидери во Константипол од страна на османлиската власт, 1,5 милиони Ерменци беа депортирани, масакрирани или одведени во смрт. Ние им оддаваме почит на жртвите на „Медс јегерн“ (ерменски термин за Големо злосторство) и ужасите што се случија да не бидат загубени за историја. И ќе се сеќаваме за да останеме внимателни против корозивното влијание на омразата во сите нејзини форми. Американскиот народ им одава почит на сите Ерменци кои ги изгубија животите во геноцидот пред 106 години, истакна Бајден.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •