јуни 23, 2021

Бајден во јуни ќе ја посети Британија, па заминува на самит на НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден оствари денеска телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, во момент кога администрацијата на Бајден се подготвува да го признае ерменскиот геноцид извршен од Отоманската империја во периодот меѓу 1915 и 1923 година.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Бајден повикал за „конструктивни билатерални односи со проширени области на соработка и ефикасно управување со споровите”.

Двајцата лидери, исто така, се согласиле да остварат тет-а-тет средба за време на самитот на врвот на НАТО во јуни.

Инаку, Бајден кон средината на јуни ќе престојува во прва посета на странство, така што прво ќе замине во Велика Британија, а потоа во Брисел.

Од 11 до 13 јуни, ќе учествува на состанокот на Групата седум индустриски најразвиени земји – Г7 во Корнвол, во јужниот дел на Англија, а потоа на 14 јуни на самитот на лидерите на НАТО во Брисел.

Тој во Брисел, исто така, ќе учествува и на самитот САД-ЕУ, на кој ќе зборува за американската посветеност на трансатлантското партнерство, засновано врз заедничките вредности, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •