август 4, 2021

Фатен е мажот кој нудеше слики од половиот огран на малолетнички и се закануваше дека ќе ги силува

Полицијата го приведе мажот кој што преку пораки на социјалните мрежи им се закануваше на девојчиња дека ќе ги силува. Текстовите кои им ги испраќал, а кои содржеа вилгарности и нудење фотографија дека ќе им го фотографира и испрати половиот орган, беа објавени на Фејсбук страницата „Стоп педофилија„. Набргу по ова МВР го приведе и објави дека се работи за  59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, кој во моментот кога комуницирал со девојчињата престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе.

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А. (63) во с. Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што му е одземен мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“, велат од МВР.

„Срце многу си била тврдоглава, немој така, опушти се со мене, ќе играме… важи срце“, се само дел од вулгарностите коишто педофилот му ги напишал на девојчето.

Таа не му одговара на пораките, по што тој и се заканува дека ќе ја принуди на сексуален однос. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •