Професор од ПМФ за Царовска: Неука импровизаторка

На програмите на МОН и Царовска се спротивставува и професорот Живорад Томовски, член на СДСМ и редовен професор на ПМФ.
Тој на својот фејсбук профил ја обвини министерката за образование дека е неука и неискусна импровизаторка, пренесува Слободен печат.
„Царовска е неука, неискусна импровизаторка, без ниту еден одржан час во наставата. Залутана и опсесивно желна за фотелји и државни функции. Злобна како и нејзината претпоставена менторка, Рада.“, вели тој.

Сподели