септември 17, 2021

ЗАЕВ: Пауновски е мој личен пријател, но ќе побарам од службите да биде разрешен, направи пркос кој не е дозволен

Стојко Пауновски е мој личен пријател, но јас ќе барам од службите од Владата, од вицепремиерот Љупчо Николовски, доколку постои основа за негово разрешување, да биде покрената постапка за неково разрешување.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев откако директорот на ДПИ Стојко Пауновски рече дека и по цена да биде разрешен, тој нема да ги прифати сите 35 рамковно вработени.

„Недозволиво е секој ден преку медиумите да водите полемики со потпретседателот на Владата, а сега гледам и со претседателот на Владата. Тоа е пркос кој не е дозволен. Во Владата има хиерархија, се знае како тоа треба да функциоонира“, рече Заев.

Заев смета дека постои основа за разрешување на Пауновски и очекува службите да покренат постапка. 

„Истото го кажувам и јас, истото го кажува и потпретседателот на Владата Артан Груби. Тие се ртаспределени согласно одредени плканови за нивна вклопливост во самите институции. Самата инститиуција на крајот вели – тоа може, тоа не може. Но, секојдневно да се препукувате со потпретседателот на Владата, а гледам, сега и со претседателот на Владата, директор што е поставемн од Владата, во време во кое што живееме, е апсолутно недозволиво“, рече Заев. 

Затоа вели дека очекува да биде даден предлог за нбегово разрешување, и тоа од вицепремиерот Љупчо Николовски.

„Затоа што не може да си дозволите јавно да правите вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените, за нешто што е транспарентмно и воспоставено на одлични основи, искрени осмнови, да самите институции дадат фидбек. Нормсално, нема да се прави тоа што не може. Нормално, ако нема систематизирано место, или ако не може да се систематизира место, тоа лице не мора да биде примено. Но, ова е прашање кои што нашиот народ очекува да биде решено. Бидејќи, минуваат месеци, минуваат години, се плаќаат луѓе, а не работат ништо. Тргнато е во сериозен процес и тие луже треба да се распоредат“, рече Заев.

Тој нагласи дека тоа се наши сограѓани, кои долго не работеа и земаа плата, а сега се прераспределени согласно нивните квалификации“, рече Заев. 

Премиеропт соопшти податок дека од 1.349 вкупно рамковно вработени, дури 1.182 прифатеиле да бидат распоредени во институциите.

Потоа, 38 одбиле, и одат на трансфер листа, а 13 сами си дале отказ. 

Или 87,6 проценти, вели Заев, процеот е успешен.

„Сите тие граѓани се наши и досега земале плата, а не работеле. Тоа е дел од пртограмата на работа. Некаде и други институции ги одбиле каде што не можеле да бидат примени. Но, секој ден да водите полемики, со потпретседател, потпретседател на Влада, со институциите, тоа е пркос кој не е дозволен. Хиерархијата треба да биде поставена, ние ја носиме својата одговорност пред граѓаните и таа хиерахија треба да биде ефикасна, успешно и професионална. Се работи за мој исклучително добар пријател, Стојко Пауновски, но чесно ги кажувам моите очекувања“, рече Заев.  

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •