ноември 30, 2021

Во недела да им порачамее на овие велепредавници на власт дека доаѓаме, дека ни е доста од нивните лаги, предавства и купи ден помини политики


Дека ни е доста од нивната надменост на мртви пувала, од нивните фашизоидни министерки и министри, обиџуковци, филипчевци, шеќерки и милицаровски , од нарко братучеди и рекетари, од нивните рашковци, вицевци, трајчовци, бокиевци, катици, тајно хонорирани ботови, од нивните пропагандисти, цензори и купени первертити од невладиниот сектор, од глупостите на нивниот шеф кој ни нанесе срам и понижување пред очите на светот со неговите глупости и снисходливост кон соседите и ЕУ.
Протестот во недела да им биде најава на нивната пропаст. Најава на нивната непријатна иднина.
Да им покажеме дека по нивниот пад никогаш повеќе нема да се реди толку глупав Македонец кој било кога ќе гласа за нив.
И најпосле, да им ги покажеме нашите емоции кон нив, горчината и бесот за сето изживување со нас што ни го приредија.
После сите нивни национални предавства имаме полно право ултимативно да бараме да ги ослободат луѓето од 27 април. Ченто, Горан Југ и останатите кои брутално ги казнија за дело кое не е дело, за да го збришат секој глас на патриотизам од најгласните.
Пет пари не давам за нивните спинови дека протестот ќе биде партиски Јас не одам зашто некоја партија ме платила за тоа. Одам зашто ми е доста од нив.
Нема партија зад мојот грб. Ама има многу како мене. Обични граѓани и Македонци кои сакаат да се исправат на нозе и да му покажат на светот дека оваа екипа на власт ја презираат од дното на душата.

Сподели
 
 
 
   more