јуни 21, 2021

Прекинат говорот на министерот Насер Нуредини поради бучна молитва (видео)

Министерот за животна средина Насер Нуредини ја прекина денешната прес-конференција во Општина Брвеница пред говорницата за време на повикот за молитва од локалниот верски објект што започна во 13.00 часот..

Денеска во 12:30 часот во селото Теново премиерот Зоран Заев присуствуваше во  официјалното пуштање во употреба на фотонапонска централа. Покрај Нуредини, присутни беа министерот за економија Крешник Бектеши како и менаџментот на компанијата инвеститор.

Се работи за настан за изградена фотонапонска централа од јавниот повик за изградба на фотонапонски централи на приватно земјиште кој беше објавен во 2019 година. Оваа централа е само една од севкупно 27 централи кои склучија Договор за право на користење на премија.

Моментот на видеото од 16-тата минута.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •