јуни 20, 2021

Мутибариќ: Ситуацијата ми е катастрофална, никој не помага!

Мозочен удар е причината за очајната состојба на едно од најпознатите имиња во македонскиот спорт, легендарниот голман Драган Мутибариќ. Тој сега е неподвижен, оставен на грижата на сопругата. Нема никаква помош од пријателите и од институциите, има минимални примања, огорчен е и уплашен за својата неизвесна иднина.

Драган Мутибариќ (75), една од легендите на македонскиот спорт, незаборавниот голман на Вардар, деновиве се соочува со најтешките моменти во својот живот. Некогашниот репрезентативец и идол на многу генерации неодамна имаше мозочен удар по што остана неподвижен, врзан за постела.

Мутибариќ е загрижен за својата иднина, но и огорчен поради тоа што никој не покаужува интерес за неговата тешка состојба, да му помогне, со совет, со дело, било како. Драган е оставен на грижата на неговата сопруга Милица, без која како што вели би бил изгубен. Сите пријатели кои се нуделе за помош, сега ги нема кога навистина требаат. Драган живее од мала пензија, а трошоците за лекови и за се друго се огромни.

Мутибариќ, како заслужен спортист, седум години по ред аплицирал за еднократна финансиска помош од Агенцијата за млади и спорт, но досега не ја добил. Во овие тешки времиња, тој наскоро по осми пат ќе аплицира. Вели ги собрал сите потребни документи и се надева дека ќе ја добие од државата таа еднократна финансиска помош што му следува како заслужен спортист, а која во оваа ситуација многу би му помогнала. Во меѓувреме се бори со болеста, но оптимизмот го напушта…

– Лежам, чекам закрепнување и не знам дали ќе дојде. Проблемот е што имав мозочен удар. Тоа ми се случи пред 15 дена. Ме однесоа во болница, таму лежев 12 дена. Сега сум дома, на закрепнување. Лекарите ме отпуштија и не ми кажаа што треба да правам. Дали треба да одам на некаква рехабилитација? Морам да се консултирам што понатаму – вели Мутибариќ кој ја опишува својата состојба.

Заборавен од сите

Продолжете со читање на slobodenpecat.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •