октомври 21, 2021

Македонските и бугарските историчари го одржуваат 13. состанок

Учебниците за седмо одделение, како и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се темите за кои разговараат историчарите денеска на 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Македонија и Бугарија, кој се одржува онлајн.

Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за надворешни работи соопшти дека на 12-та средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, ниту согласност за прашањата поврзани со Средниот век.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •