мај 16, 2021

ФУДБАЛСКАТА СУПЕРЛИГА СЕ РАСПАДНА

Само два дена по договорот за нејзино основање, проектот наречен Суперлига на Европа се распадна како кула од карти. 

Шесте англиски премиер лигаши М.Сити, Челзи, М.Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем како и гигантите од Серија А, Милан и Интер, се повлекоа од натпреварувањето на најбогатите европски клубови. 

Според шпанските медиуми на ваков чекор се подготвуваат и Барселона и Атлетико Мадрид. На тој начин се чини дадоа резултат жестоките реакции, пред се на ФИФА и на УЕФА, потоа на националните фудбалски федерации, европските државници, голем број активни и бивши фудбалери, како и на армијата навивачи ширум Европа. 

По ваквиот развој на настаните, следуваше и официјално соопштение на Суперлигата во кое се истакнува дека подготвуваат адекватни чекори за измена на проектот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •