август 3, 2021

Уставниот суд ја прифати иницијативата за преиспитување на дел од законот за банки

Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста на дел од законот за банки, според кој приоритет за обештетувања од стечајната маса прво има Фондот за осигурување на депозити, а потоа останатите доверители. По поднесената иницијатива од Здружението за заштита на штедачите од пропаднатата Еуростандард банка, судот одлучи, има сомнеж за преиспитување на уставноста кај спорниот член 163.  Од Здржението задоволни – и покрај нивните сознанија за притисоци, судиите донеле правилна одлука. Според нив сите оштетени треба да имаат еднаков третман.

-Нашата иницијатива е сите доверители да имаат еднаков третман, и тие со заштеди над 30,000 евра и правните лица, изјави Љупчо Кумановски, Здружение за заштида на штедачите.

Стечај врз Еуростандард банката се прогласи во август минатата година. Право на обештетување од Фондот за осигурување прво имаа граѓаните со заштеди до 30,000 евра. Останатите, кои имаа над оваа сума, меѓу кои и правните лица, пари чекаат од стечајната маса. Ако уставните судии понатаму оценат дека овој член не е уставен, ќе треба да има и законски измени за да се утврди конечното решение. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •