ноември 30, 2021

Русија до Западот: Смирете се, доста е од оваа масовна психоза

Кремљ ги повика западните земји да ја прекинат „масовната антируска психоза“, откако руски дипломати се протерани од повеќе земји кои Москва ја обвинуваат за шпионирање.

„Ги повикуваме сите да се смират, да се откажат од масовната антируска психоза и да водат конструктивен и мирен дијалог за да се надминат несогласувањата кои ги имаме“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој кажа дека некои земји имаат навика веднаш да ја обвинат Русија за каков било сајбер напад.

„Русија секогаш реагира на непријателски потези. Не можеме да си дозволиме да ги толерираме, но остануваме отворени за дијалог“, кажа Песков, а пренесува ТАСС.

САД, Полска, Бугарија и Чешка неодамна протераа руски дипломати, на што Москва одговори со иста мера.

Веќе лошите односи на Западот и Русија се влошени по затворањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални и трупањето руски војници на границата со Украина.

Сподели
 
 
 
   more