јуни 5, 2023

Пандемијата не ја намали побарувачката за станбените кредити, за една година забележан раст од 13 отсто

Податоците на Народната банка покажуваат дека во раст е забележан раст и на кредитите и на депозитите.

Раст на месечна и годишна основа на вкупните депозити и на вкупните кредити покажуваат податоците на Народната банка за месец март.

Вкупните депозити на годишна основа, се зголемени за 7,4 отсто, при речиси подеднаков придонес на депозитите кај двата сектора.

„Во март, вкупните депозити остварија месечен раст од 0,7 отсто со поголем придонес на депозитите на корпоративниот сектор, при помал, но позитивен придонес и на депозитите на секторот „домаќинства“. Анализирано на годишна основа, вкупните депозити се повисоки за 7,4 отсто, при речиси еднаков придонес на депозитите кај двата сектора“, соопшти Народна банка..

Од податоците на Народната банка може да се види и дека на годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 5,2 отсто.

Нагорната промена, според Народната Банка е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства“.

„Вкупните кредити во март, се зголемени за 0,9 отсто и 5,2 отсто, на месечна и годишна основа, соодветно, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, стои во соопштението од Народната банка.

Во март, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст за 1,1 отсто, како и годишен раст од 6,7 отсто и 13,1 отсто. Автомобилските кредити остварија месечно и годишно намалување од 1,5 отсто и 14,0 отсто.

И кај кредитите одобрени на кредитни картички, овој месец, е забележан пад на месечна и годишна основа, за 1,0 отсто и 8,9 отсто.

Во март, негативните салда на тековните сметки се зголемија за 2,3 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво тие се намалени за 1,5 отсто.

Кредитите одобрени врз други основи, во март, бележат месечен и годишен пад од 0,7 отсто и 5,8 отсто.

За авторот

Сподели