август 5, 2021

39 годишен маж си ја убил 5 години помладата сопруга во Струга

Убиство вечерва се случи во Струга, откако 39 годишниот маж во семејниот стан си ја убил пет години помладата сопруга. Според официјални информации на СВР Охрид, на улицата „Ристо Крле“ во Струга, при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала Итната медицинска помош од Струга, а сопругот со иницијали Ј. Р. (1982 ) е повреден. Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот. Неофицијално мажот се здобил со повреди, при обид за самоубиство. Младиот брачен пар имале и малолетни деца.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •