Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за туристите во земјава

Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за странските туристи во Македонија.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска најави дека ќе бидат овозможени 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за странските гости како дел од шестиот пакет економски мерки.
„Во очекување на престојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност ќе се овозможи бесплатни 50 илјади ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во нашата држава“, вели Битиќи.Туризмот лани и оваа година има огромна загуба поради пандемијата.
Сподели