јуни 22, 2021

Јован Митрески: Кривичните пријави кои ги поднесувате се само за да излезете од калта во која тонете

Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ, денеска од собраниската говорница за време на денешната пленарна седница и порача на опозицијата дека владеачкото мнозинство ако треба повторно ќе се повика на протоколот за работа на Комисијата за заразни болести.

Митрески ова го порача откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави за претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и кон пратениците Бисера Костадиновска и Мирослав Богдановски, кои во неделата дојдоа да гласаат со скафандери како позитивни на Ковид-19.

– Moжeте да поднесете 101 кривична пријава, но тоа е според Протоколот на Комисијата за заразни болести. Кривичните пријави кои ги поднесувате се само  за да излезете од калта во која тонете. Ќе се случи трет пат, петти пат ако треба. Не е прв пат да се случи во Собранието. Со кривичните пријави правите театар за да влезете се подлабоко во калта – рече Митрески.

Талат Џафери претходно рече дека Собранието веќе функционирало под овој Протоколот донесен пред одржувањето на конститутивната седница по минатогодишните парламентарни избори, а како пример го наведе Арбен Зибери кога гласаше за избор на Владата.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ, кривични пријави за истите лица денеска поднесе и Левица.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •