јуни 23, 2021

ЈЗУ Специјална болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, му изрази огромна благодарност на Д-р Бакрачески

Почитувани,
Потребата од добри вести никогаш не била поголема од сега, кога целото општество, а особено здравствениот сектор се соочува со едни од најтешките времиња и едни од најголемите предизвици воопшто. Нашата здравствена установа не е заобиколена и го дава својот максимум во справуваање со пандемијата, како и во обезбедување редовна здравствена грижа за кардиоваскуларните пациенти. Но, на наше огромно задоволство деновиве можеме да испорачаме и добри вести. Имено, во вакви вонредни околности кога се чини дека се освен справувањето со здравствена криза е на “чекање”,научната дејност во нашата установа го одржува својот континуитет, а неодамна истиот беше крунисан со еден за нас исклучителен настан. Имено нашиот колега Др. Никола Бакрачески успешно ја одбрани својата докторска дисертација на тема: “УПОТРЕБА НА ИНТРАВАСКУЛАРЕН УЛТРАЗВУК ВО OТИМИЗАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИ ПРИ СТЕНТИРАЊЕ НА ДОЛГИ ЛЕЗИИ”.
Докторскиот труд на Др. Бакрачески е од областа на Интервентната кардиологија, во една потесна област која е крајно нова и актуелна и во најбогатитете и најразвиени Катетеризациони лаборатории во светот. Од Др. Бакрачески ништо помалку и не се очекуваше, особено ако се има во предвид дека тој е практично човекот која ја создаде, ја стави во функција и постојано ја развиваше интервентната кардиологија во нашата болница, од првата интервенција пред 15 години се до денес . Негова директна заслуга е создавањето на целокупниот тим кој со години наназад обезбедува континуирано згрижување на најтешките кардиолошки случаи од Охрид, но и од целиот југозападен регион. Под негово раководство охридската интервентна кардиологија ја има втората по големина Катетеризациона лабораторија во државата, како по број на интервенции, така и по сложеноста и видот на процедури кои се изведуваат. И овој пат, како и многу пати досега, неговите лични успеси во богатата и исклучителна кариера директно го подигаат нашето ниво, углед и препознатливост како Специјализирана болница за кардиологија во државата и надвор од неа.
Во оваа прилика сакаме како установа да му изразиме огромна благодарност заради тоа. Му честитаме од срце и му посакуваме уште многу години плодна работа, натамошни успеси во кариерата и многу, многу лична среќa.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •