септември 22, 2021

Црна гора ги отвора границите за македонските граѓани – се укинуваат задолжителните ПЦР тестови

Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Република Македонија, објави министерот за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ на Твитер.

„Драго ми е да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и PCR-тестирање, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Република Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона“, напиша на руски јазик Спајиќ.

Рады сообщить вам,что для посещения Черногории в туристический сезон 2021,для граждан Российской Федерации,Республики Беларуссии,Украины и Македонии будут сняты все ограничительные меры,в том числе ПЦР тестирование. pic.twitter.com/PJCagyZn5T

— Milojko Spajić (@MickeySpajic) April 20, 2021

Се очекува наредните неколку денови да биде прецизиран конкретниот датум.

Тој додава и дека Црна Гора останува безбедна и сигурна дестинација и оваа година и ги поздрави сите што ќе се решат да ја посетат Црна Гора.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •