јуни 6, 2023

Преполно пред Министерството за финансии: Угостителите и туристичките работници бараат Владата да го почитува изборниот слоган „Можеме“

Туристичко-угостителската комора денеска организираше протест пред Министерството за финансии со барања за финансиска помош поради нивното целосно затворање на овие дејности.  Свои барања со транспаренти и свирежи доставија и ивент-индустријата, игротеките и рестораните за свадби

– Под мотото „ќе можете ли“ ги повикуваме институциите да ни обезбедат помош. Работиме под бројни рестриктивни мерки и целосен прекин. Ние изминатите години од нула изградивме бизниси за да ги обезбедиме нашите семејства. А сега егзистенцијата е доведена во прашање. Ако нивниот изборен слоган е „Можеме“ нека покажат дека можат, рече угостителот Мартин Ангеловски.

Од таму се бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година и еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош.

Се бара и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не дозволи владата работа без рестрикции.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција рече дека мерките предложени од Владата ќе бидат соопштени попладне.

– Владата денес ќе ги разгледа овие барања, но веќе има решение и за угостителите и во текот на денот ќе објавиме како ќе изгледа мерката, рече Бесими.

За авторот

Сподели