јуни 4, 2023

30 до 40 % покачување на месото: Не очекува ценовен шок ако Владата не излезе во пресрет на месната индустрија

Во неколку наврати до сега најавуваме дека ќе следи поскапување на цените на месото и месните преработки како одраз на глобалните светски движења на пазарите за храна и месо, од каде и месната индустрија ги набавува суровините. Месната индустрија не е надвор од овие текови и неминовен е порастот на цените на домашните преработки, рече Гоце Трајчев, Претседател на Групацијата на производители и преработувачи на месо при Стопанската комора на Македонија, на денешната прес – конференција.

„Овој раст се случи во претходните неколку месеци и тоа во значителен процент. И покрај порастот на цените на светските пазари, ние на домашниот пазар се уште не ги покачивме цените, но оваа состојба не може да трае подолго“, истакна Трајчев.

Тој посочи дека очекуваат најдоцна после Велигденските празници да ги покачат цените на домашните месни преработки. Висината на покачувањето, како што рече, ќе зависи од тоа дали ќе има продолжување на владините мерки за ослободување од царина на месото наменето за преработка коишто се редовно ажурурани и се донесени пред почетокот на пандемијата и за кои неколку пати укажале.

Укажа дека ќе зависи и од тоа дали во новиот пакет ќе биде вклучена и месната индустрија или на некој начин биде насочена потрошувачката на домашните производи, потенцирајќи дека неколку пати се осврнале и на ова барање. Потенцираше дека ќе зависи и од движењето на светските пазари.

„Од овие фактори зависи дали покачувањето ќе биде 20, 30 или можеби 40 %. Со оглед на тоа дека овој пораст ќе следи. сакаме да го ублажиме за домашните потрошувачи и затоа апелираме да се вратат скратените количини од последната мерка на Владата за укинување на царинските давачки за замрзнатото свинско месо, наменето за преработка“, вели Трајчев.

Тој рече дека ова барање е доставено пред повеќе од еден месец и порача да се донесе и одобри што е можно побрзо. 

Истакна дека некои од компаниите членки на Групацијата ги зголемиле цените, но се уште има стабилност која се должи пред се на задоцнетите мерки на надлежните за поттикнување на домашната потрошувачка, а со тоа и слабата домашна куповна моќ на граѓаните, соодветните залихи на дел од произведувачите обезбедени од претходно кои секако веќе се при крај, како и моменталниот вишок на домашно свинско месо кој месната индустрија го откупи во целост и од него ги надомести потребните количини за преработка. 

Трајчев подвлече дека мерките во изминатите три години дале резултат, а тоа се гледа од фактот што увозот на готовите сувомеснати производи се намалил за 28 %, односно од 13 милиони килограми во 2017, увозот е намален на 9 милиони килограми во 2020 година, а домашното производство годишно расте помеѓу 8 и 15 %. Индустријата користејќи ја оваа мерка од 2018 година па наваму, соодветно одговори на увозот на странските производи, со што странските производи се заменија со домашни производи. Потенцираше дека пред пандемијата македонските компании од месната индустрија оствариле извоз и во соседните земји. 

Напомена дека месната индустрија не бара субвенционирање на плати, туку изедначување на условите за стопанисување, за да може да опстои и да го задржи постоечкото ниво на работење и вработени. 

Извор: Rabotnik.mk

За авторот

Сподели