октомври 21, 2021

12 европски гиганти извршија “државен удар” врз УЕФА И ФИФА, формираа Супер лига

Реал и Барселона се меѓу 12-те клубови кои повеќе нема да играат во Лигата на шампионите „Дванаесет најважни европски фудбалски клубови објавија дека постигнале договор за формирање на ново натпреварување – Супер лига“, Реал Мадрид, Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Во Супер лигата, која ќе биде директна конкуренција на Лигата на шампионите на УЕФА, ќе играат 20 клуба. Покрај 15-те основачки клубови (се чека името на уште три клуба), ќе учествуваат уште пет клуба врз основа на резултатите. Сите натпревари ќе се играат во текот на неделата, така што овие клубови ќе продолжат да се натпреваруваат во националните лиги – ако лигите не ги суспендираат поради овој потег.

„Исполнуваме желби на навивачите“

Дваесет клуба ќе бидат поделени во две групи од по десет. Првите тројца од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето, а четвртопласираните и петтопласираните ќе играат за преостанатите две позиции во нокаут фазата. Најавен е и почеток на женска лига, што би придонело за напредок и развој на женскиот фудбал. “Сакаме да му помогнеме на фудбалот на сите нивоа да го заземе заслуженото место во светот. Фудбалот има повеќе од четири милијарди навивачи и наша одговорност е како големи клубови да ги исполниме желбите на навивачите”, рече Флорентино Перез, претседател на Реал и прв претседател на Супер лигата. Клубовите ќе делат огромни пари. Најавено е дека првично ќе распределат околу три и пол милијарди евра.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •