јули 27, 2021

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски се прошета во скафандер во полициски час (видео)

Портпаролот бара Јавното обвинителство да се произнесе и да побара кривична одговорност од пратениците позитивни на ковид-19 кои денеска дојдоа во скафандери во Собранието.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во знак на револт поради денешното носење на пратеници заболени со ковид-19 во Собранието, прошета во време на полициски час со скафандер, маска и сѐ што денес носеа двајцата болни пратеници, кои напуштија изолација и ги прекршија протоколите, законите и уставот, за потребите на власта кои немаа врска со петтиот пакет мерки, соопшти партијата.Можеби ќе ве интересира

– Денешното кршење на законите во државата од страна на власта и носењето заболени пратеници на парламентарната седница, покажува колку Зоран Заев и СДСМ не ги почитуваат законите во државата. Додека граѓаните на Република Македонија почитуваат мерки и седат дома доколку имале контакт со заболено лице или пак самите се позитивни на вирусот, СДСМ ги носи пратениците во Собранието за да ги гласаат точките кои ќе му ги откочат бизнисите на Заев. Очигледно Зоран Заев смета дека извршната власт е над законодавната, па затоа не го интересира што пишува во законите. За него најважно е да се изгласа законот за марихуана, па макар и по цена на животите на пратениците. За лудоста да нема крај, пратеничката узурпирала цел ден болничко возило да ја развозува до Собранието и назад, а истовремено луѓе молат за болничко возило и за медицинска интервенција – рече Стоилковски.

Граѓаните се крајно револтирани поради денешниот чин, вели портпаролот, а по однос на ова мора да се произнесе и Јавното обвинителство, кое доколку не е под канџите на Заев, ќе мора да бара од пратеничката кривична одговорност.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •