Кој е Мирослав Богдановски, вториот пратеник што дојде во скафандер?

Мирослав Богдановски од ДОМ е вториот пратеник кој вчера дојде во скафандер за да гласа на собраниската седница. Тој пристигна со сопствено возило и беше сместен во кабина за изолација.
Мирослав Богдановски е роден е 1978 година во Скопје.
Во минатото ја извршуваше функцијата на Директор во Државниот инспекторат за животна средина. Дипломирал на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрира на Економскиот факултет при ФОН насока Маркетинг менаџмент.
Потпретседател е на ДОМ Зелена партија и член од самото нејзино формирање. Активист за заштита на животната средина и борец за заштита на човековите права. Како докажан професионалец во својата област на делување, Богдановски својата професионална кариера и дообразование ги гради низ годините на бројни работни позиции и искуства кои вклучуваат директна комуникација со невладини организации како и со граѓански иницијативи и здруженија со превземање и иницирање на мерки за надминување на одредени проблеми во општеството.
Неговите активности во Собранието се:
- Комисија за економски прашања, заменик-претседател
- Комисија за транспорт, врски и екологија, член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член