јули 25, 2021

Киргистан со напиток од билки ќе се бори против коронавирусот

Киргистан ќе користи тоник од билки во лекувањето на болеста предизвикана од ковид-19, соопшти министерот за здравство.

Неговата изјава следи откако претседателот на Киргистан го пофали тој препарат и покрај предупредувањата на медицинските експерти дека содржи потенцијално смртносни отрови.

Министерот Алимкадир Бејшеналиев на интернет брифинг се напи од лекот oд корен од ендемски растенија за да покаже дека истиот е безбеден.

– Оние со благи симптоми ќе се опорават за еден ден, а оние со потешка форма на болест за три до четири – тврди тој.

Претседателот Садир Џапаров лично им го дал на лекарите рецептот што го добил од неговиот татко, а тие веќе го користат, рече министерот за здравство.

Нот Бермет Бариктабасова, поранешен советник на Министерството за здравство, го опишува растението како едно од најотровните во Казахстан.

– Дури и во најмали дози, екстрактот има силно негативно влијание врз телото и едно лице може брзо да умре – вели таа, додавајќи: „ Се враќаме во средниот век“.

Во Киргистан се пријавени над 90.000 случаи на коронавирус и над 1.500 смртни случаи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •