септември 24, 2021

Груевски: Не е возможно да е замрзнат мој имот, кога тој имот никогаш не бил моја сопственост

Никола Груевски вечерва од Будимпешта преку статус на Фејсбук порача дека не било возможно да биде замрзнат негов имот, кога тој имот никогаш не бил негова сопственост. Ги обвини обвинителството и власта дека сакаат да го дискредитираат.

-Невозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично. Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”.

Уште еднаш повторувам дека ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат имам купено.

Од она што досега имам информации ОЈО под директива на власта со цел моја дискредитација и натамошно малтретирање има извршено тешки уцени, жестоки притисоци, некаде и со изрекување притвори, некаде со закана за долг притвор и потоа долгогодишен затвор, уништување на бизниси и жесток прогон кон одредени бизнисмени, нивни вработени и други, дел мене познати а дел непознати лица, со цел да направат конструкција на база на изнудени лажни сведочења дека наводно тајно сум купил таков вид имот.

Списокот на лица на кои се вршеле и понатаму се вршат тортури во овој правец е долг.
Немаат било каков матерјален доказ или вештачење со кое би се докажала моја лична инволвираност во смисла на од мене направена и потпишана финасиска трансакција на пари и слично, а најмалку мој заверен имот во катастерот, ниту пак можат да го имаат од причина што такво нешто не непостои, тврди Груевски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •