септември 17, 2021

Албанија од утре воведува двонеделен карантин за сите кои доаѓаат од Македонија и од Грција

Албанија од утре воведува двонеделен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од Република Македонија и од Грција.

Одлука за тоа денеска донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај.

-Несомнено, ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но она што се забележува во регионот е поразличната ситуацијата од нашата земја, кај нашите соседи. Во Република Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Додаде дека велигденските празници во Албанија ќе донесат многу лица и емигранти од други земји, а имајќи предвид дека минатата година по овој празник бројот на новозаразени забележал голем раст, како и зголемен број смртни случаи, комитетот ја донесол оваа одлука.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •