јуни 20, 2021

Царовска: Започнуваме со етапна замена на материјалите за учење и воведуваме современа дидактика која ќе го подобри квалитетот на образовниот процес и настава

Со новиот Закон за учебници ги елиминираме грешките и ја прилагодуваме содржината според возраста на учениците. Исто така ги дигитализирме учебниците од четвртто одделение нагоре и додаваме теми кои недостасувале, а кои се поврзани со родовата еднаквост, почитување на различностите, инклузивноста.
При одобрувањето на учебниците предвидовме неколку филтри како и нивно ревидирање секоја година за да нема застарени податоци. Печатењето нема да го сведеме на монопол, едни исти издавачки куќи да печатат секоја година и да правиме ексклузивни договори. И по секој наставен предмет наместо по еден ќе се применуваат најмногу до три учебници. Исто така учениците со проблеми со видот ќе добијат посебни учебници на Брајово писмо и аудио книги.
Преку овој нов Концепт за основно образование вклучително и Законот за учебници ќе продуцираме квалитетен образовен кадар кој ќе ја зајакне економијата и ќе ја придвижи државата кон уште поголем развој.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •