септември 16, 2021

Русиново се прости од девојката Верица, чии органи сега живеат кај три лица

Жителите на беровското село Русиново денеска се собраа да ѝ одадат почит на младата девојка Верица Белчовска и да изразат признание за огромната хуманост зашто сега нејзиното срце чука во телото на момче од Брвеница, а бубрезите им дадоа живот на уште две лица кои долго време беа на дијализа. Со тага и насолзени очи се простија од Верица која животот го загуби во сообраќајна несреќа. Од општина Берово најавија седница за поддршка на семејството Белчовски.

Жителите се едногласни дека хуманоста на сиромашното и чесно семејство, која на ваков начин со дарување на органи беше покажана на дело, треба и институционално да биде наградена.

Донациите секако не можат да ја надоместат загубата на семејството, но и порано требаше да им се помогне зашто водеа борба за обична егзистенција, велат жителите.

На погребот присуствуваше и делегација од општина Берово откаде најавија седница посветена за помош на семејството Белчовски и беше најавено и за разговори на оваа тема и на повисоко ниво.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •