октомври 22, 2021

Пратеничката на СДСМ пристигна со Брза помош во Собрание, вели дека сама ја платила услугата

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, облечена во скафандер пристигна денеска на собраниска седница ќе дојде да гласа како позитивна на Ковид-19 со цел да се направи кворум за да се изгласа петтиот пакет на економски мерки за помош на граѓаните и компаниите.

За придружбата на возило на Итна медициска помош рече дека сама го платила, а пристигна во Собранието во придружба на уште две лица исто така облечени во скафандери за заштита од коронавирусот.

Иако е позитивна на Ковид-19 рече дека тоа го направила „за да им излезе во пресрет на граѓаните“.

Засега останува нејасно, според кои протоколи се спроведува ова бидејќи лицето е позитивно на коронавирус и со решение за изолација.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •