јуни 23, 2021

Замрзнат новооткриениот имот на Никола Груевски, што не е негов?!

Кривичниот суд го замрзнал новооткриениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски од два станови и плац на Водно од 3.000 метри квадратни, како дел од истрагата на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека имотот не фигурира на името на Груевски, кој во моментов е политички азилант во Унгарија, но сознанијата говорат дека суштински е негов.

Во овој правец оди и тоа што никој не поднел жалба на замрзнувањето на имотот. Еден од становите бил на име на извесна секретарка, а другиот се водел како сопственост на фирма.Заплената се врши како дел од истрагата „Плацеви на Водно“ во која Груевски се товари дека ги злоупотребил парите од партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •